НМСМ бара одржување на фер и транспарентни избори за Претседател на СПУКМ

Националниот младински совет на Македонија изрази длабока загриженост за изборите од Студентски парламент на УКИМ, кои како што наведува во соопштението, се распишани под нетранспарентни услови.

„Цениме дека со организирањето на избори за Претседател на Студентскиот парламент при УКИМ во многу кус период и време кога голем дел од студентите ги напуштаат кампусите, инклузивноста и транспарентноста на процесот е доведена во прашање. Наш приоритет како најголемо претставничко тело на младите во Македонија е токму младинското учество и обезбедување на еднакви можности за сите млади луѓе, како и борбата за демократизација на процесите кои на директен или индиректен начин ги засегаат младите.

Во таа насока би сакале да ја изразиме нашата отворена и силна поддршка на студентските организации и студентите за спречување на злоупотребата на студентското организирање. Истовремено го повикаме Ректоратот на УКИМ, Ректорката управа и Сенатот, како највисоки тела на Универзитетот, да ја преиспитаат законитоста на управувањето Студентскиот парламент, како и транспарентноста и легитимноста на распишувањето на повикот за нов студентски претставник.

Во НМСМ сметаме дека е неопходно сите заедно да се вклучиме во демократизација на студентските процеси и затоа недвосмислено продолжуваме да ги поддржуваме своите организации членки и штитиме интересите на младите луѓе меѓу кои спаѓаат и студентите“, се вели во соопштението на организацијата