Њујоршките музеи ги забрануваат држачите за селфи

Расте бројот на музеите во Њујорк кои им забрануваат на своите посетители им забрануваат да ги корисат држачите (стаповите) за мобилните телефони со кои се прават селфи. Музеите се загрижени дека држачите  можат да ги повредат останатите посетители или да ги оштетат изложените предмети.

„Metropolitan Museum of Art“ е само еден од музеите во овој град кој ги забрани ваквите држачи, јавува Њујорк Тајмс. Сепак, иако посетителите се предупредуваат дека држачите може да бидат небезбедни, се уште во музејот нема поставено изречни знаци со забрана за нивно користење.

И Музејот за модерна уметност (MoMA) неодамна ги забрани држачите за селфи, исто како и Националната галерија за уметност, но и Музејот за современа уметност од Хјустон.

„Селфи стаповите“ сепак се уште се дозволени во најпосетуваниот музеј на светот, парискиот Лувр, но и во најпознатите лондонските музеи и галерии како што е Националната галерија во Лондон.