Њујорк Тајмс на две страни ги испечати сите навреди на Трамп

Од јануари, Њујорк Тајмс ги забележувале сите луѓе, места и работи кои републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги навредил од неговата објава на кандидатурата.

Вкупно 281 жртва – политичари, познати личности, медиуми, весници, компании, држави. Вчера, весникот ги објави сите нив на исполнети две страни.

„До степен кој не бил забележан во американската историја, Трамп ги направи личните навреди и напади дел од неговата кампања. Оваа листа претставува наш најсилен напор да ги идентификуваме и карактеризираме сите нив“, стои како објаснување од весникот, во средината покрај сите мали испечатени навреди.

Некои од навредите се: „Мала марионета , „ТАЖНО!“, „Кловн“ „Луд“, „Катастрофа“… Целосната листа ја има на веб-сајтот на весникот.

Следбениците на твитер профилот на Трамп се дуплирале откако Њујорк Тајмс почнале да ги следат неговите навреди, од 5,9 на 12,1 милиони.