Полицајци во Њујорк бараат фотографии од бездомниците да се објавуваат онлајн

Полицијата во Њујорк започна да фотографира бездомници, а фотографиите да ги објавува онлајн на Flickr. Причината за ваквиот потег е тоа што полицајците биле изморени да ја гледаат мизерната слика од градот што ја создавале бездомниците, пишува Њујорк Пост.

Неколку офицери формирале асоцијација и ги замолуваат луѓето во Њујорк да го фотографираат, како што велат, „падот на градот“.

„Кога патувате низ Њујорк, ве молиме употребете ги вашите паметни телефони за да ги фотографирате бездомниците кои лежат на нашите улици, луѓе кои питат и јавно мократ, луѓе кои продаваат дрога на отворено, или каква било навреда за квалитетот на живот“, стои во писмото од претседателот на асоцијацијата Ed Mullin.

Првите прикачени слики прикажуваат питачи кои му се приближуваат на автомобил додека свети црвено на семафорот, потоа луѓе кои спијат на кутии од пица во парк и неколку луѓе заспани на тротоар со чаши и знаци со кои молат за помош.

Како што велат од Асоцијацијата, на полицајците им е забрането да фотографираат јавни места додека се на работа, па затоа бараат граѓаните да им помогнат.

Оттаму додаваат и дека изминатите две години има „ многу неуспешни политики, повеќе бездомнички кампови на градските улици, раст од 10 проценти на случаите на убиства и пад на на нашата тешко заработена и заслужена перцепцијата на јавноста за најбезбеден голем град во Америка“.