Њујорк го прогласи расизмот за криза во јавното здравје

Одборот за здравство на Њујорк усвои резолуција со која расизмот се прогласува за криза во јавното здравство, со што институцијата се приклучи на листата на локални институции кои се обидуваат да најдат начини за решавање на овој проблем, пренесува „Индипендент“.

Со резолуцијата се бара Одделот за здравје и ментална хигиена да преземе мерки за да се обнови градскиот здравствен код и да најде решенија за борба против систематскиот расизам.

„За да се изгради поздрав Њујорк, потребно е да пристапиме кон расизмот како кон криза во јавното здравје“, изјавил здравствениот комесар Дејв Чокши.

Тој дополни дека пандемијата од Ковид-19 ја зголемила расната нееднаквост, бидејќи се забележува раст на заболени од обоените заедници, не само во Њујорк, туку и низ САД.

Според студијата на Националниот институт за рак, Ковид-19 убил диспропорционален број на Aфроамериканци, Латиноамериканци и домородни Aмериканци.

Бордот понудил препораки и до здравствените оддели, кои вклучуваат ревизија на досегашните полиси и создавање на група за еднаквост за да се осигура дека здравствените податоци ќе бидат интерпретирани преку антирасистичка перспектива.