Њу ејџ номадките „Перија“ го издадоа „Кокало“

Независниот музички издавач „Шарла“ го издаде своето 50-то јубилејно издание – новото EP „Кокало“ на составот „Перија“.

„Перија“ се три девојки од Скопје – Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ и Филис Синаноска, а како „Перија“ постојат од 2015 година.

„Музичката позадина на овие њу ејџ номадки е во балканските традиции под силното влијание на музиката на Ориентот. Сепак, современиот, стилизиран израз го прави ова трио уникатно во својата мисија да го реконструира културното минато преку стари песни и приказни за љубовта и страдањето“, стои во соопштението за „Кокало“.

Свирачки, девојките располагаат со завидна вештина креирајќи прекрасна атмосфера во која ги сместуваат своите епско-лирски искуства од патувањата низ улиците на историјата на овие простори.

„Автентичниот звук на уд, тамбура, бендир и кемане, надополнет со пријатните вокали на Кате, Леа и Филис и нивните нежни мелодии лесно ќе ве транспортираат во време-просторот каде се случувале секојдневијата на нашите предци“, се вели во соопштението.

Перија – „Кокало“ ЕР може слободно да се преслуша и бесплатно да се симне на следниот ЛИНК.