Њу Делхи повторно ги затвора училиштата и факултатите поради аерозадувањето

Индискиот главен град Њу Делхи нареди затворање на училиштата и факултетите од петок до понатамошно известување поради загадениот воздух, откако Врховниот суд ги критикуваше градските власти дека повторно ги отвориле, иако ситуацијата не е подобрена.

Градските власти минатата недела одлучија повторно да ги отворат училиштата и факултетите откако беа затворени речиси 15 дена поради загадениот воздух.

Врховниот суд во четвртокот ја критикуваше одлуката. Судот ја разгледува жалбата за неспособноста на владата да го намали загадувањето на воздухот.

Останува на сила забраната за градежни работи и влез на дизел камиони со несуштинска стока, изјави градскиот министер за животна средина Гопал Раи. Раи ги повика граѓаните да користат јавен превоз.

Властите во Делхи за таа цел ангажирале уште 700 автобуси на плин.

Поради лошиот квалитет на воздухот, се повеќе деца се во болниците поради проблеми со дишењето.