Низа активности за одбележување на Меѓународниот ден на студентите

Група студенти со здружени сили решија и оваа година да го одбележат 17  ноември – Интернационален ден на студентите.

Програма: Низа активности за одбележување на Меѓународниот ден на студентитеАктивностите започнуваат со проекција на кратки видеа во петок (15.11.2013), во електронска лабораторија на Филозофскиот факултет и настанот Проекција #9: Културата како алатка за промена.

Програма: Низа активности за одбележување на Меѓународниот ден на студентитеОрганизатор е културната иницијатива Отворен куфер, а на проекцијата закажана во 5.05 часот ќе бидат прикажани видеа кои ќе го претстават културниот живот на студентите во другите балкански земји, а како инспирација за македонските колеги.

„Културата е одлична алатка во борбата со досадата, апатијата, рамнодушноста, секому достапна. Исто така, да не заборавиме дека таа има моќ да пренесе важна порака и да направи реална промена. Кој е вашиот начин да се изразите? Дојдете да ги споделиме сопствените искуства“, стои во повикот на  Отворен куфер.

Активностите продолжуваат во сабота со  „Студентскиот пикник“ – радио емисијата на Канал 103 на студентската организација Излез.

На 18 ноември пак, во понеделник, ќе биде отворена изложба во аулата на Филозофски факултет. Од 11 часот овде Отворен Куфер го започнува настанот „Отворена библиотека“ кој има за цел слободна размена на книги.

Истиот ден во 17 часот ќе има презентација, трибина и официјално започнување на кампањата за бесплатно образование од страна на независното студентско движење Слободен Индекс.