Нискобуџетни летови од Скопје до Малта, Рим и шведски Ваксјо

Малта, Рим и шведскиот универзитетски град Ваксјо, се трите нови дестинации со кои ќе се воспостави директна авионска линија од скопскиот аеродром.

На овие дестинации ќе лета нискобуџетната компанија „Виз ер“.

Компанијата која користи субвенции од македонската влада го почна првиот лет од Македонија во јуни 2011 година и нуди 29 линии до 13 земји.