Нинтендо работи на нова конзола, најави создавачот на Марио

Јапонскиот производител на видеоигри Нинтендо започнал со развој на нова конзола, а проектот во моментов е во рана фаза, изјави легендарниот дизајнер на игри Шигеру Мијамото, човекот кој ги создаде најпопуларните игри на компанијата, „Супер Марио“ и „Легендата за Зелда“.

Иако компанијата сега е фокусирана на поддршката за конзолата Wii U, која тешко се бори со конкурентите, Мијамото најави дека наголемо се дискутира за идејата за новата конзола.

Wii U излезе во 2012, со посебен нов контролер наречен GamePad, но на почетокот се продаваше бавно, пред интересот да се зголеми оваа година. Сепак, адутот на Нинтендо досега е продаден во 7 милиони примероци, што се уште е далеку пред конкурентите, Сони со ПС4 (13 милиони) и XboxOne (10 милиони).

Веста за новата конзола на Нинтендо доаѓа по шпекулациите дека компанијата ќе го напушти хардверскиот дел од бизнисот и ќе се фокусира на развивање на софтвер за други производители, како што тоа го направи компанијата Сега, по неуспехот на конзолата Дримкаст во 2000.