Нина од „Групер“ и Жарко од „Еден на Еден“ на листата на „Форбс“ на најдобри млади претприемачи

Нина Ангеловска (29) основачката на „Групер.мк“ и водителот Жарко Димитриоски, основач на маркетинг агенцијата „Еден на еден“  се најдоа на листата на „Форбс“ на најдобри млади претприемачи за 2018 година.

На листата која вклучува млади и успешни луѓе од Европа, кои имаат под 30 години, Нина Ангеловска е избрана во категоријата „Малопродажба и интернет трговија“, додека Жарко се најде во категоријата „Медиа и маркетинг“.

Форбс наградите беа доделени синоќа во Лондон, на свеченост на која присуствуваа Ангеловска и Димитриевски.