Нина Кравиц ќе настапи на „Егзит Денс Арена“

Една од најпопуларните изведувачки на светската електронска сцена Нина Кравиц (Nina Kraviz), ќе настапи премиерно на „Егзит Денс Арена“ (EXIT Dance Arena) во недела, 10 јули. Сибирската дива важи за една од најхаризматичните личности на техно сцената.

Нејзиното музичкото образование со бескомпромисен пристап кон уметноста, како и искрениот однос кон публиката, ја позиционираа Нина Кравиц како „хедлајнер“ на водечките фестивали, меѓу кои и „Коачела“ (Coachella), „Амстердам денс ивент“ (Amsterdam Dance Event), „Авејкенингс“ (Awakanenings), „Сонар“ (Sonar), „ДЕМФ“ (DEMF) . Посебно се издвојуваат резидентните настапи на престижните вечери на Ричи Хотин (Richie Hawtin), „ЕНТЕР“ на Ибица, како и редовните настапи во најголемите европски клубови како што се „Конкрет“ во Париз, „Нитса“ во Барселона, „Фабрик“ во Лондон или „Бергхаин“ во Берлин.

Кравиц е родена и пораснала во сибирскиот град Иркутск, а љубовта кон музиката и плочите ја наследила од нејзиниот татко кој слушал џез и психоделичен рок. За време на 90-тите таа го открива есид-хаус звукот и набргу ја започнува емисијата на локалното радио посветена на електронската музика. Селидбата во Москва и новинарската работа во музичкото списание „Птуч“, како и подоцнежното работење во организирање на техно журки, ќе и донесат подобар увид во светските електронски текови, а нејзината импресивна колекција на плочи постојано расте. Набргу стигнува и повикот да ја организира програмата во петок навечер, во водечкиот руски клуб „Пропаганда“, која за кратко време прераснува во најважната техно и хаус вечер во Москва. Музички исклучително образована, Нина го објавува својот деби сингл „Voices“, по кој следува исклучително успешното ЕП „Pain in The Ass“. Еден од клучните моменти во кариерата е секако и снимањето на миксот за легендарната „Диџеј Кикс“ (DJ Kicks) серија, кој критиката го прогласи за еден од најдобрите, рамо до рамо со имињата како што се Карл Крег, Тига или Џон Талабот.

Најдобриот европски фестивал за 2016 година, „ЕГЗИТ“ фестивал оваа година ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа „ЕГЗИТ Авантурата“ патува на Јадранско море за третиот „СИ ДЕНС“ фестивал од 14 до 16 јули.