Нил Јанг го објави албумот „Homegrown“ – 45 години подоцна

На последниот албум на музичарот Нил Јанг му требаше време за да биде објавен – 45 години поточно.

„Homegrown“ сега е достапен за слушање, но во него има песни создавани во периодот од 1974 до 1975 година. Првично требаше да биде објавен во 1975-та,  но Јанг се предомислил бидејќи неговата љубовна врска во тоа време прекинала, а како што подоцна откри музичарот, песните биле премногу лични, премногу болни за објавување.

„Се извинувам“, напиша тој во писмо до обожавателите минатата година.

„Тоа е тажната страна на љубовната врска. Направената штета. Срцевата болка. Јас едноставно не можев да го слушам. Сакав да продолжам понатаму. Затоа, го задржав на себе, скриен во сводот, на полицата, во задниот дел на умот “.

Гледајќи наназад, Јанг вели дека жали за одлуката.

„Тој (албумот) е навистина убав“, рече тој. „Затоа го направив на прво место. Понекогаш животот боли. Знаете на што мислам.“

„Homegrown“ првично требаше да се објави на 18 април, но беше еден од многуте очекувани албуми одложени поради пандемијата на коронавирус.

Има 12 песни. Седум никогаш не беа објавени претходно: „Separate Ways,” „Try,” „Mexico,” „Kansas,” „We Don’t Smoke It No More,” „Vacancy” and „Florida.”. Тие во голема мера се акустични, со Јанг на гитара и хармоника.

Другите пет песни – „Love Is a Rose“, „Homegrown“, „White Line“, „Little Wing“ и „Star Of Bethlehem“ – беа дел од другите албуми на Јанг.