Николас Џар лансираше радио

Американскиот диџеј Николас Џар лансираше „мистериозна“ радио мрежа. Тоа е мутација на неговиот канал на сервисот „Other People“ каде луѓето можеа да се претплатуваат од 2013 година. Преку соопштение, тој информираше дека на неговиот канал повеќе нема да објавува неделни изданија, па наместо тоа, ќе се концентрира на помал број на годишни изданија, почнувајќи од 2017 година.

Новата веб-страница се карактеризира со различни канали, до кои корисникот може да пристапи преку впишување на број од 0 до 333. Она што е интересно, единствено што функционираат се каналите кои се множители на три. Кога корисникот ќе напише број што не е множител на три, го заокружува оној што е најблиску. На пример, Канал 61, ќе стане Канал 63.

Секој канал содржи уникатни уметнички дела, а дел од имињата на станиците се всушност наслови на неговата работа.

Иконите на врвот од страницата ги прикажуваат новите звуци, ги прикажуваат имињата на сите страници, и покажува колку време еден корисник поминува на страницата.

Во изјава, Џар за платформата вели:

„Ќе ви оставам вам да откриете сами за што станува збор“, советувајќи ги корисниците да ги посетат каналите 324, 195, 108, 243, 225, и 33 и завршувајќи со 333.

Новиот веб-сајт е вториот мистериозен тизер на овој дизеј месецов. Минатата недела, продуцентот објави уметничко дела на неговата веб-страница и на социјалните мрежи, со кои најави нова музика.