„Ние одлучуваме“: Прилепчани бараат подобро здравство

Прилепчани бараат подобро здравство, посочувајќи го Прилеп како еден од градовите со голема смртност на родилки и недостиг на лекарски кадар и адекватна опрема во сите здравствени установи, велат активистити од граѓанската акција „Ние одлучуваме“, кои денеска одржаа перформанс во центарот на Прилеп.

Активистите велат дека иселувањето на младите како директен резултат на сиромаштијата и безработицата кои што владеат во Прилеп, се клучните проблеми за кои прилепчани бараат промени.

Инаку, денешниот настанот вклучуваше озвучен брендиран камион, од кој се емитуваа аудио пораките на акцијата, а при перформансот имаше банери, знамиња и приотехнички средства. Притоа, над дваесетина активисти разговараа со граѓаните на Прилеп за клучните теми и проблемите со кои се оптеретени.