„Ние не чекаме избори…заокружи Гоце“

Студентски пленум во понеделник (28 септември) го најавува настанот „Ние не чекаме избори…заокружи Гоце“, кој ќе се одржи во паркот зад салата „Форца“ со почеток во 20:00 часот. Нa нaстaнoт ќе имa прoекцијa нa oтвoренo нa филмoт „Зелени ѕидoви, црнa хрaнa” режирaн oд Сaндрa Ѓoрѓиевскa, по што ќе следи дискусијa oкoлу услoвите вo студентските дoмoви.

„Поминуваат покрај нас, зад заматени прозорци и нè гледаат како да сме муви во маштеница. Некаде брзаат и нè одминуваат. Поминуваат со векови. Нè држат уплашени со фрази, со мистерии, со догми. Нè држат уплашени дека ќе ни го земат лебот, ќе ни го срушат домот, ќе ни ја скршат вилицата, а ние уплашено правиме план и ги поздравуваме. Но, сè додека се плашиме тие ќе газат преку нас. Слободата ќе дојде кога ќе го надминеме стравот“.

Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мувлосаните тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога домовите ќе се реновираат, кога студентите ќе се разбудат и ќе прозборат за маките. Ќе чекаме ли жртва за да си ги побараме правата?! НЕ! Ние, студентите, не чекаме избори!“, велат од Студентски пленум.