Ни снемува дрвја! – Презентација на студија и попис на дрвја во Мал ринг

Во вторник ќе биде презентирана студијата „Состојби и тенденции за намалување на градското зеленило во Мал ринг во Скопје 2002-2017“.

Ни снемува дрвја! - Презентација на студија и попис на дрвја во Мал ринг

Истражувањето, анализите и реализацијата на студијата се случуваа во текот на 2012-2013 година, за време на проектот „Сосед чувар“ на Плоштад Слобода.

Оттаму велат дека во овој процес ја прегледале состојбата со јавно зеленило на терен, нејзиното обележување во релевантните документи (ДУП-ови), односот на институциите кон урбаната животна средина и можните начини да се поправи сето тоа.

– Поради тоа што бевме мал тим, а и поради градежниот замав со кој се уништи голем дел од зеленилото во Центар, решивме да се фокусираме на оваа општина, односно на ДУП Мал ринг.

– Ќе бидете изненадени кога ќе ги поделиме сознанијата, како на пример дека последен пат, кога зеленилото било јасно обележано и категоризирано, било во ДУП-от од 1997. Би биле дополнително револтирани кога би виделе на кој начин се води евиденција во службите на Паркови и зеленило (со пенкало во тетратка), иако тие, како јавна институција, се едни од најангажираните во оваа област. За сите овие проблеми кои ги лоциравме подготвивме и Документ за јавна политика, кој ќе го поднесеме до надлежните, иако, откако е избрана, новата администрација на Општина Центар е „со врзани раце“ и не делува дека може да делува, велат од Плоштад Слобода.

Во рамките на ова истражување спроведен и првиот попис на дрвја на споменатата територија и ова е првиот чекор за креирање на зелен катастар, нешто за кое „зелените“ политичари веќе долго време зборуваат.

Иницијативата  Ни снемува дрвја! е комплетно реализирана од Ирина Грчева, Леонора Грчева, Лука Јовичиќ и Ивана Драгшиќ.