Независната културна сцена силно погодена од кризата со Ковид-19, покажува анкета на ЈАДРО

Кај 90 проценти од анкетираните уметници и културни работници од независната културна сцена, мерките против ширење на коронавирусот негативно влијаеле на нивната работа, покажува анализата на ЈАДРО, асоцијација на независна културна сцена.

Во нивната анкета учествувале 130 уметници и културни работници, од кои најголемиот дел одговориле дека планираните активности и настани нема да се реализираат во периодот додека траат владините вонредни мерки.

Во анализата на ЈАДРО се наведува дека од вкупно 89% од анкетираните одговориле дека воведувањето на мерки за спречување на ширење на COVID-19 вирусот негативно влијаеле врз нивната работа, 83% веќе почуствувале финансиска загуба, додека за 53 од културните работници целиот финансиски приход е загубен.

Испитаниците детектираат дека освен организациите и организаторите на проекти загуба имаат и оние уметници или учесници кои биле поканети да земат учество во прокети и културни настани, кои во моментот не можат да бидат исплатени бидејќи не е извесно дали и кога тие настани ќе се одржат.

„Културниот сектор е првиот кој директно и веднаш го погоди новонастанатата ситуација, а последен кој ќе заживее откако ќе заврши состојбата. Испитаниците детектираат дека освен организациите и организаторите на проекти загуба имаат и оние уметници или учесници кои биле поканети да земат учество во прокети и културни настани, кои во моментот не можат да бидат исплатени бидејќи не е извесно дали и кога тие настани ќе се одржат а ги планирале хонорарите кои требале да ги добијат од страна на здруженијата/организаторите. Истото важи и за оние соработници кои се ангажирани како технички лица при организирање на настани.

Се искажаа реакции дека некои од донаторите, преку кои била обезбедена финансиска подршка за одредени проекти, инсистирале грантистите да одржат дигитални предавања со планираните интернационални учесници во април не прифакајќи им ја иницијативата да се одложат проектите за месец септември 2020 кога ќе се стабилизираат работите. Истите си дозволуваат да прават промени во буџетот, ја менуваат сумата предвидена за настанот за која исплатата е исто така несигурна периодов, без да ја земат во предвид ситуацијата дека организацијата не е во можност да обезбеди кофинансирање во овој период за преоек кој треба да се одржи дури и онлајн.

Во анкетата беше изнесено и мислење дека Министерството за култура треба да направи одредени корекции во својата работа и не само еднаш годишно да објaвува конкурс за аплицирање за самостојни уметници туку и да ги отвори критериумите и за поединци кои се во други области не поркиени од повикот (како на пример независни куратори или интердициплинарни автори)“, стои во анализата.

Анализата ги пренесува и предлозите на уметниците и културните работници за ублажување на последиците од кризата. Покрај предлог мерки упатени до Министерството за култура, тие упатуваат предлози и до локалната самоуправа како и европските фондови.

Меѓу дел од предлозите се Министерството да најде начин да го дистрибуира планираниот буџет за 2020 година и итно да се изврши исплата на одобрени проекти, соработка со МРТ за дистрибуција на содржини, како и заложба на локално и регионално ниво средствата за активностите на здруженијата и поединците за оваа година да не се намалуваат.

Целата анализа, како и деталните препораки до институциите можете да го погледнете ТУКА.