New Moment Македонија победи на фестивалот Golden Drum во Словенија

Агенцијата New Moment (New Moment New Ideas Skopje) е севкупен победник на угледниот фестивал за адвертајзинг Golden Drum 2013, со најмногу освоени поени, со што ја понесува наградата „Golden Rose“ како најуспешна агенција за оваа година во ткн „Нова Европа“. Агенцијата освои вкупно 6 награди ( 4 гран-при за кампањата “Заедничка молитва – 10 метри одвоени, едно Гран При и едно злато за Џез фестивал 2013).

Фестивалот Golden Drum годинава се одржа по јубилеен дваесетти пат. За најуспешна агенциска мрежа на годината, прогласена е McCann Erickson, која ја доби наградата „Golden Net“, a GMP Advertising е најуспешна независна креативна агенција на годината.

Наградениот спот на New Moment: