Невообичаени петиции поврзани со музиката

Изминатиов период беше исполнет со петиции, тргнувајќи од петицијата преку која околу 125 000 граѓани го искажаа својот гнев против престојниот настап на Kanye West на Glastonbury, како и петицијата со која се бара ко-водителот на познатата емисија Top Gear, Jeremy Clarkson која се емитува на BBC да се врати. Во продолжение, следи листа од најчудните и најзапаметените петиции во музиката.

Не дозволувајте да се врати Nickelback (Don’t let Nickel back), е кампања со која се бара групата Nickelback да престане да свири во Лондон.

Во 2014, обожавател започна Kickstarter кампања за публиката во Лондон со надеж дека би можеле да му платат на канадскиот бенд да се држи на страна од овој главен град. Шеесетина луѓе одвоиле од својот џеб за да ја постигнат оваа цел собирајќи 228 фунти.

Да се подигнат статуи на Lemmy и Slash во Стоук-он-Трент, Англија. Басистот Lemmy е роден во Бруслем, недалеку од местото каде бил израснат Slash од рок-групата Guns N’ Roses. Тоа било причината, дипломиран студент на Универзитетот во Стафордшир да побара да се подигнат статуи за овие музичари. Неговата петиција собра над 5000 потписи, но на крај беше одбиена.

Bono да се повлече од јавниот живот. Оваа петиција започна во 2008 година и целта беше едноставна, да го оттргне овој член на групата U2 од „недобро спроведените напори за филантропија“, така што предвреме ќе се пензионира. Сепак, Bono досега не ги послуша илјадниците кои ја потпишале петицијата.

Направете го метрото во Њујорк за музика. Откако се распадна познатата група LCD Soundsystem, James Murphy започна петиција минатата година откако властите во Њујорк ја одбиле неговата идеја, здодевните звуци од системот на метро станиците да бидат заменети со електронски звуци кои можат да формираат мелодии.

Депортирајте го Justin Bieber и одземете му ја зелената карта. „Ние би сакале да се депортира опасниот, несовесниот и зависник од дрога Justin Bieber и да му се поништи зелената карта“, пишува во предлогот достапен на страната на Белата куќа, упатен од незадоволни граѓани на кои им е преку глава од недоличното однесување на ова момче од Канада. Иако досега петицијата собра повеќе од 273.968 подоцна, администрацијата на Белата Куќа и Обама се уште не сакаат да коментираат.

Направете ја песната Ignition на R Kelly да биде химна на САД. Оваа кампања започна во 2013 година на сајтот на Белата куќа и успеа да добие 12.295 потписи. Со петицијата се побара од Обама и Белата куќа да ја препознаат потребата од нова химна по една деценија од нејзиното создавање.

Наградете го коњот што го удри Dappy со наградата „Исклучителен придонес во музиката“ на Британските музички награди. Dappy  беше хоспитализиран откако во 2013 година коњ го повреди во неговото лице и 9,121 мислеа дека животното заслужува награда за неговиот труд.

Витезот Ozzy Osbourne. Од гризење на глава на лилјак на сцена и пцуење постојано, фронтменот на групата Black Sabbath не е баш некој кој би бил во придружба на кралицата. Сепак, петиција за негово прогласување за витез собра повеќе од 21,000 потписи, по што овој „Витез на ноќта“ изјави дека се согласува со тоа. Ozzy допрва треба да биде прогласен за витез од кралицата.

Beyonce и Jay Z да ја исчешлаат косата на нивната ќерка Blue Ivy. Оваа петиција требаше да биде шега, но подоцна 5,758 ја потпишале, па станало сериозно. Кампањата вели дека е вознемирувачки да се види дете како страда од недостаток на исчешлана коса.

Забранете Metallica да свири на фестивалот Glastonbury. Во 2014 година, на Facebook започна петиција за групата Metallica да се отстрани од фестивалот поради тоа што го поддржуваат ловот на мечки. 25 илјади луѓе кои ја поддржаа кампањата беа лути бидејќи фронтменот James Hetfield бил поврзан со убиство на кафеави мечки.