Две здруженија се регистрирале под името Студентски пленум, Пленумци реагираат за злоупотреба

Студентски пленум отсега не е поим кој означува само хоризонтално поставено организирање, односно, според веб-страницата на Државниот централен регистар, ова име го дели и Здружението за одбрана и заштита на студентските права во Скопје.

„Дознавме дека се регистрирани две здруженија со име “Студентски пленум”. Ова го сметаме за злоупотреба и посочуваме дека ние тоа не сме го сториле. Манипулацијата и спинувањата станаа моќна алатка во денешно време, но тоа нема да ви успее со студентите.
#ПоздравПленумци“, објавено е на Фејсбук страницата на Студентски пленум.

Откако оваа информација пристигнала до Студентски пленум, кој од самиот почеток функционира како автентична студентска иницијатива, потврдa за регистрацијата добиле и од Регистарот – едно од здруженијата е формирано на почетокот на оваа академска година, дознава Радио МОФ.

Пленумци се револтирани, бидејќи како што велат, тоа е направено без нивно знаење и е јасно злоупотребување на името на Пленумот.