„Невидливото“ – Изложба на Тома Димовски од утре во Велес

Утре, во 20 часот, во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена изложбата „Невидливото“ на уметникот Тома Димовски.

Изложбата опфаќа портрети, мртва природа и пејсаж работени во техника акрил на платно кои претставуваат пресек на работата на Димовски во последниве 10 години.

„Изложбата е рефлексија на невидливото. Визуелна поезија која ни ги доловува нашите одрази во силни лирски бои. Накратко, речиси и ние ништо не гледаме, но Димовски го гледа невидливото. Изложбата суптилно го поставува прашањето „Дали кога гледаме околу нас ја имаме вистинската претстава за светот?“. Изгледа дека денешниот човек се повеќе гледа во празнината отколку во нешто конкретно“, посочуваат организаторите.

Димовски е роден е 1968 година во Скопје, дипломирал на етнологија на ПМФ, а денес е 4-та година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Антони Мазневски.

Изложбата која ќе биде отворена до 27 декември е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.