Невидливи – Аматерска изложба на фото-стории во Јавна соба

„Невидливи“ е аматерската изложба на фото-стории на членовите на Медиа клубот – Скопје од Младинскиот образовен форум. Изложбата ќе се отвори на 24 декември (четврток) во Јавна соба во 20 часот.

Настанот е резултат на двомесечни работилници за фотографија и новинарство, преку кои членовите изготвија текстови придружени со фотографии кои отсликуваат еден дел од работите кои се невидливи во нивното секојдневие, луѓето и нештата кои тие ги сметаат за невидливи.

„Фотографијата и новинарстовото имаа куса љубовна авантура. Нивнoто love child e нашата изложба!“, велат органнизаторите на настанот.

Отворањето на изложбата е најавено во 20:00 часот.