Само една недела откако Невада започна да продава марихуана за рекреативни цели, специјализираните продавници во државата се испразнети.
Со редици пред вратите од моментот кога новиот закон стапи на сила во претходната недела наутро, 47-те продавници во државата се обидуваат да одржат чекор со побарувачката.
Essence Dispensary on (or feet away)from Vegas Strip,still has lines wrapping around building over an hour after #vegasweed rec. sales began pic.twitter.com/9jZoUi05UD
— Chris Kudialis (@kudialisLVSun) July 1, 2017
Асоцијацијата на диспанзери на Невада проценува дека веќе заработиле околу три милиони долари од продажбата на марихуана, што е околу еден милион данок за државната каса.
Залихите веќе се сосема намалени, па владата има план да воведе „итни регулативи“ кои ќе го забрзаат процесот на набавка и нова дистрибуција. Државниот закон бара од сите продавачи да набавуваат стока само од лиценцирани дистрибутери.
Постоечките дистрибутери наводно се мачат да се справат со порастот во побарувачката, а лиценците за нови дистрибутери не се добиваат лесно.
Доколку државните власти не се справат со проблемите со доставата, некои од диспанзерите можеби ќе се затворат за неколку дена.