Нетфликс најави нова услуга – ќе нуди видеоигри

Платформата за видео-стриминг Нетфликс објави дека ангажирала поранешен директор на Фејсбук за да го предводи нејзиното проширување во светот на видеоигрите, пренесува Independent.

Мајк Верду, кој до неодамна беше потпретседател на Фејсбук, ќе се приклучи на Нетфликс како потпретседател за развој на игри.

Пред да се приклучи на Фејсбук, Верду работел како потпретседател во компанијата „Electronic Arts“ каде бил одговорен за игри на мобилни телефони како што се „Plants v Zombies 2“, „The Sims Freeplay“ и „Star Wars: Galaxy of Heroes“.

Според дел од медиумите, Нетфликс има намера да понуди видеоигри на својата платформа за стриминг во текот на следната година. Платформата во моментов не планира дополнително наплата за новата услуга.

Акциите на Нетфликс пораснаа за 3,3 проценти откако Блумберг првпат ги објави вестите вчера.

Со програмирање за деца, отворање онлајн продавница и партнерство со големи филмски имиња како Стивен Спилберг, компанијата бараше нови начини за проширување на веќе заситените пазари како што е на САД и останува пред својот ривал како Дизни + и HBO Макс.

Нетфликс во минатото експериментираше со интерактивно програмирање со филмови како што се „Black Mirror: Bandersnatch“ и „You vs Wild“ што им овозможи на гледачите да одлучуваат за потезите на ликовите.

Исто така ги лиценцираше правата за развој на игри засновани на емисии како „Stranger Things“ и „La casa de Papel (Money Heist)“ кои им овозможуваат на играчите да управуваат со дејствијата на ликовите и самостојно да го водат заплетот.