„Нетфликс“ ќе ги репризира сите епизоди на „Млади бунтовници“

„Млади бунтовници“ – аргентинската тинејџерска серија која ја освои публиката од целиот свет, наскоро ќе биде достапна на „Нетфликс“, соопшти синоќа платформата на Твитер.

Публиката повторно ќе може да ја проследи приказната за Миа, Марица, Пабло и Мануел, кои ќе ги пребродат ривалствата меѓусебе и ќе формираат бенд. Но, приказната всушност ги отсликува и проблемите со кои се соочуваат тинејџерите.

„Нетфликс“ најави дека ќе ги репризира сите 318 епизоди во декември.

Публиката во Македонија се запозна со серијата во раните 2000-ти кога се прикажуваше на А1 Телевизија. Покрај ова, се собираа албуми со самолепливи сликички, се купуваа тетратки со главните ликови од серијата, имаше и маички и касети и ЦД-а од музиката на нивниот бенд „Erreway“.

Минатата година се појавија тврдења дека е можен и римејк на оваа серија, со потенцијални враќања на дел од ликовите, но оваа информација досега не е потврдена.