Европскиот младински форум поднесе тужба во врска со прашањето за неплатени практиканти во Белгија. Според организацијата, само еден од пет практиканти во земјата се платени.
Практикантството може да понуди вредно работно искуство и да им овозможи на младите луѓе поголема конкурентност на пазарот на труд. За некои, тоа е можност да ги усовршат своите вештини, да остварат контакти и да го дефинираат нивниот иден пат на кариерата.
Други стажанти, пак, се чуствуваат искористени како евтина работна сила, вршејќи работа која е малку платена, или пак воопшто не е платена, без надеж за договор на неопределено време.
Но, иако Брисел е преполн со практиканти во секој сектор, со 82 отсто, Белгија има највисока стапка на неплатени практиканти во ЕУ.
За Европскиот младински форум, ова е јасен знак дека младите луѓе се експлоатирани во време кога еден од тројца се во ризик од сиромаштија или социјална исклученост.
Вчера Европскиот младински форум поднесе тужба, со цел да се промени белгиското законодавство и да постави преседан „низ Европа и пошироко”.
Организацијата тврди дека неплатеното практиканство води до исклучување и дискриминација, бидејќи не сите успеваат да обезбедат поволни услови за работа и едноставно не се достапни за многу млади луѓе без финансиска поддршка од нивните семејства.
„Неплатеното практиканство, вели Зузана Ванечкова, член на одборот на Европскиот младински форум, „е одличен пример за нееднаквоста, обезбедувајќи можности само за оние кои имаат финансиски средства, а отфрлајќи ги сите други“.
До денес, Бизнис Европа се недостапни за коментар.
За младинскиот форум, жалбата е надополнување на столбот на Комисијата за социјални права, надевајќи се дека ќе послужи како основа за поправеден социјален модел во ЕУ.
Иницијативата е групирана во три главни категории: еднакви можности, фер услови за работа и социјална заштита.
„Во ерата на високата невработеност кај младите, неплатеното практиканство едноставно е неоправдано и служи само за понатамошно маргинализирање на младите луѓе, кои се првите што страдаат од економската криза и мерките за штедење”, рече Ванечкова.