Неофицијално – Apple Watch се очекува напролет

Во првичната информација за тоа кога ќе излезе во продажба часовникот од Apple се велеше дека ќе биде на почетокот од 2015 година. Сепак, според најновите информации ќе треба уште малку да се почека, односно не порано од 20 март.

Оваа информација се прошири откако се појави видео со интегралниот говор на Ангела Арендс, вице претседател на помалите и онлајн продавници на Apple, додека им се обраќала на вработените во компанијата.

Многумина веруваа дека „во почетокот на 2015 година“ се мисли на јануари или февруари. Оваа неофицијална информација може да послужи да се намалат тензиите кај потрошувачите да го пробаат првиот уред за носење од Apple.

Извор: Mashable