Ненадејно угина една од жирафите во скопската зоолошка градина

„Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати“, соопштија доцна вечерва од Зоолошката градина Скопје.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.

Тобого беше роден е во Франкфурт на 9 декември, 2010 година. Во скопската Зоолошка градина пристигна на 5 ноември 2013 година.