Немири во Париз откако полицијата застрела тинејџер

Најмалку 150 лица се уапсени на вториот ден од масовните немири откако во вторникот, француската полиција застрела седумнаесетгодишен возач за време на рутинска проверка, јавува „БиБиСи“.

Градски установи, училишта и полициски станици се запалени во Париз и други градови, а претседатрлот Емануел Макрон изјав дека немирите се „неправедни“.

Во своја објава на социјалните мрежи, францускиот министер за внатрешни работи Гералн Дермејн ги осуди немирите, велејќи дека Франција доживеала вечер од „неподносливо насилство“.

Судири се регистрирани низ повеќе маала во Париз, но најголемите се одржале во Нантер, местото каде што смртно бил застрелан тинејџерот.

Протестите се одржале во повеќе места во Франција, а во многу полициски станици бил испукан огномет од страна на демонстрантите.

Според француските медиуми, полицијата сугерирала дека тинејџерот го возел возилото накај полицијата со намера да ги повреди.

Но, видеа објавени на интернет и проверени од медиумската агенција „АФП“ покажуваат дека еден од полицајците има вперено оружје во возачот преку прозорецот и се чини дека дека пука во празен опсег додека возачот се обидува да замине.

Мајката на седумнаесетгодишниот Нахел, Мониа, во свое онлајн обраќање повика луѓето да излезат на меморијален марш за нејзиниот син.

Нахел, кој има француско-алгериско потекло е втората личност годинава во Франција која е застрелана при сообраќајна проверка. Минатата година, на овој начин биле усмртени 13 лица.

Организациите за човекови права критички посочуваат кон промената на закони во 2017 година, со која се прошируваат протоколите за употреба на оружје од страна на полицајците.