„Нема веќе сечење“ – уметнички проект како протест против женското генитално обрежување

Со правење на скулптури на вагина од хартија, тим уметници сака да ја подигне свесноста за женското генитално обрежување, давајќи им до знаење на жените дека треба да бидат горди на своите тела.

Проектот No More Cutting има за цел да ги подучи жените за „диверзитетот и уникатноста“ на природната женска форма, инспирирана со надеж да донесе крај на овој брутален чин. Изложбата е соработка меѓу Менди Смит, директорка на Пејперсмит студиото во Амстердам, уметницата со хартија Оксана Валентелис, фотографката Кајла Илејн и компанијата за интерактивна продукција Рандом Студио. На изложбата се прикажани хартиени скулптури од вагини во сите форми и големини.

Фондот за население на Обединетите нации проценува дека 200 милиони жени и девојчиња низ светот биле изложени на бруталниот чин на обрежување изминатата година, од кои на многумина зафатот им бил извршен против нивната волја и без целосно знаење за тоа што ќе им се случи.

Обрежувањето нема религиознозначење, но се практикува со векови. Се извршува за сексуалниот чин да биде болен за жените, со што би се спречило да уживаат во него.

„Не сакав да помине уште една година во која читам за овие нешта и не се трудам да му помогнам никому. Јас сум бела британска девојка и само сакам да кажам „Не се согласувам со вашите обичаи или вашата култура“. Затоа, се обидував да најдам начин на кој ќе се поврзам со местото од кое доаѓам, но и да соберам пари за кауза во која верувам“, вели Смит. „Сакав проектот да биде за жени кои се соединуваат од различни позадини и различни карактеристики, за да му кажат не на сечењето“.

Изложбата се состои од 81 дело од хартија. Секое парче е моделирано според вистинска вагина. Тимот се надева дека ќе подготви уште 1000 скулптури до наредната година.

Извор: Independent