Полицискиот час на први, втори и трети мај (односно петок, сабота и недела) ќе почнува од 14 часот, односно, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 до 14 часот.
Оваа одлука беше донесена на денешната владина седница, а ваквата информација прв ја сподели техничкиот премиер Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
За лицата над 67 годишна возраст, во овие три дена, ќе им биде дозволено движење од 5 до 11 часот, додека децата и младите лица до 18 години, ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.
Во меѓувреме, остануваат на сила сите други мерки донесени од Владата на Република Северна Македонија, се вели во објавата на Спасовски.