Нема посебен полициски час за лица под 18 и над 67 години, Уставен ја замрзна уредбата

Уставниот суд на денешната седница ja замрзна Уредбата на Владата со која се пропишуваше посебен полициски час за лицата до 18 години и за лицата над 67 години, со што дозволи и двете категории  граѓани кои да може да се движат како и останатите од 5 часот наутро до 19 попладне.

Образложението од Уставниот суд е дека мнозинството на судии сметаа дека мерката е дискриминаторска за двете категории на граѓани, при што на слените седници ќе се преиспитува уставноста на одлуката.

Со владината уредба, лицата до 18 години можеа да се двиѓат само во периодот од 12 до 19 часот, а лицата над 67 години од 5 до 12 часот.