Нема место за младите во буџетот на ЕУ

Нема место за младите во буџетот на ЕУ

Буџетот на ЕУ во износ од 908 милијарди евра за периодот од 2014-2020 година кој беше договорен од страна на лидерите на ЕУ, преставува одлична можност за Европа повторно да стане конкурентна и силна. Но реалноста е дека преовладуваат старите привилегии по цена на младите Европејци.

Главниот проблем е дека буџетот со децении е фокусиран на погрешни области. Како прво поради земјоделските интереси. Низ годините буџетот за Заедничката земјоделска политика значително се намали од над 75% на сегашните 40% од вкупниот трошок на ЕУ, но директните субвенции за фармерите ќе останат.
Вториот голем дел од буџетот на ЕУ оди за т.н. Структурни и кохезивни фондови каде доверените интересите повторни ги спречуваат промените. За некои земји Кохезивните фондови вредат 5% од нивниот годишен БДП. Околу 50 милијарди евра годишно се достапни и за богатите и за сиромашните земји членки на ЕУ за подобрување на нивната инфраструктура и за зголемување на развојот. Ова значеше сосема нови патишта, возови и аеродроми во многу земји на ЕУ како на пример Шпанија. Но оваа земја исто така се фали со неколку празни аеродроми.

Што е со младите?

Кратењата ќе влијаат негативно на приоритетите на ЕУ за 2020-тата: растот и работните места, одржливост, истражување и иновација. Но Европа не може да расте доколку ги фаворизира мостовите и фармерите наспроти иновациите и иднината.
Гласот кој беше сосема нечуен во целата дебата за буџетот е гласот на младите Европејци. Беа заборавени поради неуспешни политики и актуелната криза, па постои итна потреба да се инвестира во нивната иднина. Добрата вест е дека Советот доби пари за таканаречениот Систем за гаранција за младите и новата Иницијатива за вработување на младите, но тоа се само мерки за привремена помош.

2013 е Европска година на граѓаните. ЕУ треба да дејствува во овој дух и да прифати буџет кој е во интерес на граѓаните – особено на младите граѓани.

Колумна на Joop Hazenberg, холандски новинар, писател и истражувач.
Превод- Ива Симоновска