Нема експлозивна направа во ОУ „Братство Миѓени“ утврди полицијата

Полицијата утврди дека нема никаква експлозивна направа ниту во ОУ „Братство Миѓени“, ниту во неговиот двор, со што состојбата е целосно нормализирана, но се преземаат мерки за откривање на идентитетот на испраќачот на пораката и утврдување на мотивите зошто го сторил тоа.

Нема експлозивна направа во ОУ „Братство Миѓени“ утврди полицијата

Според помошник-директорката на училиштето Душица Марковиќ,  10-ина наставнички од училиштето на своите електронски адреси истовремено добиле е-мeјл со заканувачка порака, по што веднаш ги презеле потребните мерки – ги изнеле учениците и персоналот надвор од училиштето.

Директорката рече дека ги известила родителите на учениците од втората смена дека денеска настава нема да има, но и оти утре наставата продолжува според утврдениот распоред.

Електронска пошта (е-маил) со идентична содржина во исто време пристигнал на адресите на повеќе вработени од ОУ „Братство Миѓени“ кај Спортскиот центар во Тетово. Е-мејлот бил со заканувачка содржина „Напуштете го објектот многу брзо, инаку ќе се случи нешто лошо“ по што случајот нешто по 12 часот веднаш бил пријавен во полиција, додека учениците и наставниците се евакуирани од училиштето.