Нема да се гради објектот јајце на местото на Универзална сала

Нема да се гради објектот јајце на местото на Универзалната сала во Скопје, туку таа ќе се реконструира и прошири, најавија министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Одлуката, велат дека ја донела Владата и се очекува реконструкцијата да чини околу 15 милиони евра, наместо објектот во облик на јајце кој пресметките покажале дека би чинел околку 60 милиони евра.

За реконструкција на Универзалната сала беше изработен проект пред околу осум години. Тој ќе треба да се измени за во него да бидат внесени пропратните содржини, ентеритерите и сценската технологија. Откако ќе биде изменет проектот за реконструкција, одлуката ќе треба да ја донесе  Советот на Град Скопје. Универзалната сала во меѓувреме беше преименувана во Конгресен центар Александар Македонски.