Нема бесплатен јавен превоз за студентите

Нема бесплатен јавен превоз за студентитеМнозинството советници од редовите на ВМРО уште пред расправата на точката која се случуваше вчера доцна попладне најавија дека нема да ја поддржат иницијативата на Сојузот за иднината, студентите да се возат бесплатно во градски автобус.

Според нив главната причина заради која ќе гласаат против е што иницијативата требало да се упати до Министерството за образование, а не до Град Скопје, пренесе порталот Скопје инфо.

Според советниците од владејачката коалиција, од воведувањето бесплатен превоз на студентите во Скопје нема да имаат бенефит студентите од дисперзираните студии, а станува збор за категорија на граѓани кои се работоспособни.

Опозиционерите пак сметаат дека е неопходно студентите да добијат бесплатен јавен превоз. За разлика од пензионерите кои имаат три дена неделно, тие за студентите побараа бесплатен превоз секој ден, освен во недела и за државни празници. Пред­ло­гот е да се возат од први октомври до 30 јуни, од 8 до 21 часот.

„Имај­ќи ги предвид потребите за ублажување на сe поголемиот пад на стан­дар­дот на студентите, ја поднесуваме оваа иницијатива и се надеваме де­ка Градот Скопје ќе покаже оти навистина се грижи за потребите на сту­ден­ти­те, кои се иднина на државата. За бесплатниот превоз на сту­ден­ти­те ЈСП би добивало субвенции од буџетот на Град Скопје, а овие пари би се обезбедиле од првиот нареден ребаланс на градскиот буџет “, стои во иницијативата претставена пред советниците на град Скопје.