„Некогаш е доволно да кажеш доста“ – #ИнстаИлустрации со Оливер Спасовски

Оливер Спасовски е самоук 3Д дизајнер кој доаѓа од индустријата за видеоигри и филмови. Своите студии ги започнал на Машинскиот факултет во Скопје во отсекот на Индустриски дизајн, но набрзо сфатил дека не се вклопува во тој систем, па со стекнатото искуство решил да аплицира во локалните компании чиј фокус им е развој на филмови.

„Како 20 годишник тој период и немаше многу опции, индустријата споро се развиваше кај нас. Сепак со тие изминати години во нашава држава, беа прилично вивидно искуство. За тоа би им се заблагодарил на сите тие колеги и пријатели, каде што работев во Vertigo Visuals, VideoHouse и NapNok Games, кои ме бодреа и инспирираа за напредокот до ден денес“, се потсетува Спасовски.

Како уметник се труди да биде подобар во тоа што го работи, создавајќи подобра верзија од себеси.

„Моментално професионално се водам во повеќе функции за изработка на различни карактери, објекти и околини, но и менаџирање на луѓе на проекти така што проверувам дали е сѐ во ред со тоа што сработиле за да се прати до клиентите. Во текот на развој на еден проект /видеоигра има прилично многу фактори што повеќето се во рамките на технички проблеми, но и поретко за стилот. Секако, тие се решаваат заедно со тимот и зависи од целната визија и крајниот рок до кој треба да се објави продуктот. Не секогаш го имаме луксузот да додадеме екстра детали кои ќе го направат проектот да светка уште толку. Некогаш е доволно да кажеш доста“, објаснува младиот уметник.

„Секогаш сакам нешто повеќе да додадам, но многу одолговлекувам додека стигнам до крајната точка“, додава тој.

Неговата инспирација воглавно доаѓа од игри и филмови, но според Спасовски суштината е во деталите на одредени креации од различните медиуми.

„Пред да почнам со изработка на дизајн собирам референци и си поставувам цел која би сакал да достигнам. Не мора да значи дека треба или мора, битно е да поставиш нешто кон кое ќе се стремиш па макар и за мотивација. Скоро секогаш слушам музика која во текот на дизајнот ќе ме насочи кон друга дирекција, што често се случува. Под дизајн подразбирам повеќе на карактери и суштества од различни фантазии или научна фантастика, кои дигитално ги обликувам со помош на пен таблет. Често црпам инспирација од уметници кои творат во различни стилови и оставиле впечаток во историјата. Би именувал но има толку многу фаворити што не би било доволно да се набројат“, вели тој.

Овој уметник нема конкретен идол во кој се огледува. Според него, најдобро е самиот себеси да се поставиш како идол, бидејќи како што посочува, „знаеш или претпоставуваш каде и што би сакал некогаш да бидеш“.

Спасовски е уште еден дизајнер кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите дизајни:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Arts (@oliver.digital)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Arts (@oliver.digital)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Arts (@oliver.digital)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Arts (@oliver.digital)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Arts (@oliver.digital)