Неизвесно е учеството на десетици земји на Параолимпијадата

Околу 50 држави можеби нема да можат да учествуваат на Параолимпијадата бидејќи бразилските организатори не успеале да ги обезбедат финансиските средства што им биле ветени.

Локалниот организациски комитет повеќе од две недели доцни во испраќање на повеќе од шест милиони фунти како грантови за националните параолимписки комитети за да можат да пристигнат во Рио.

Овие пари спречуваат голем број сиромашни држави да стигнат до игрите, а се стравува дека десетици тимови можеби нема да можат да учествуваат ако парите не пристигнат наскоро.

Интернационалниот комитет на Параолимпијадата очекуваше околу 160 држави да учествуваат на игрите, кои ќе започнат на 7 септември, кога ќе заврши Олимпијадата.

Програмата на Параолимпијадата и Олимпијадата се соочи со потешкотии и контроверзии од самиот почеток.

Рускиот тим доби забрана за учество на Параолимпијадата од Интернационалниот комитет, Олимпијадата се соочуваше со проблеми поврзани со безбедноста, но имаше и други проблеми како базенот кој доби зелена боја. Послабата продажба на карти, вирусот зика и длабоката рецесија во економијата на Бразил се верува дека придонесоа во финансиските проблеми.

Русија поднесе жалба на забраната да учествува на игрите до Интернационалниот арбитражен суд за спорт, а за одлуката ќе се дознае на 22 август.