Неготинските средношколци во посета на Меѓуопштински центар за социјална работа – Неготино

На 27 мај 2014 година, дваесетина средношколци од неготинското средно училиште и членови на младинските клубови од Младински образовен форум кои функционираат во соработка со Центар за регионален одржлив развој од Неготино беа во посета на Меѓуопштински центар за социјална работа во Неготино.

Неготинските средношколци во посета на Меѓуопштински центар за социјална работа - НеготиноМладите беа присутни час и половина во овој центар каде разговараа со вработените во истиот за работите и надлежностите поврзани со истиот. Ги пречека директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа која им посака добредојде. Таа ја поздрави оваа идеја како добра практика и одлична пракса за средношколците кои во нивниот клуб редовно се информираат за почитувањето на човековите права и нивните обврски.

Неготинските средношколци во посета на Меѓуопштински центар за социјална работа - Неготино

На почетокот младите ја започнаа обиколката на оваа установа во канцелариите на стручниот тим каде беа пречекани од психологот и правникот. Овде беа запознаени со структура на вработените, ингеренции и надлежности на оваа институција. Меѓу другото на учесниците на посетата им беше објаснета постапката и јавните овластувања на центарот како и постапката за пријавување на одредена работа поврзана со обврските на центарот.

Неготинските средношколци во посета на Меѓуопштински центар за социјална работа - Неготино

На крајот од посетата надлежните вработени одговараа на прашања поставени од страна на учесниците, а при тоа беше извршена и посета на останатите простории кои се дел од оваа институција каде што учесниците имаа можност да се запознаат со работата и улогата на останатите вработени во оваа институција. Посетата беше оценета како многу корисна и успешна за сите присутни.

Посетата беше реализирана од страна на Младински образовен форум како дел од Проектот УСАИД за граѓанско општество во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Неготино. Преку овие настани организаторите целат кон приближување на институциите до младите во насока на зајакнување на комуникацијата и придонес кон развивање на демократско и отворено општество.