Недоволен буџет од ЕУ за младински програми

Недоволен буџет од ЕУ за младински програми

Иако спогодбата која ја постигна постигна Европскиот совет во почетокот на овој месец за ЕУ буџетот значи зголемување на актуелните нивоа на новите европските образовни програми, „Еразмус за сите“ и „Креативна Европа“ , сепак тоа е далеку под она ниво кон кое се целеше Европската комисија и Европскиот парламент, констатира Европскиот младински форум.

„Еразмус за сите“ нуди повеќе можности за мобилност, за образовните и младинските организации да соработуваат и да учат од своите врсници и претставува важна алатка за целната инвестиција во образованието, обуките и и младина која ќе придонесе кон креирање на одржлив развој и работни места. Буџетот предложен од комисијата требаше да овозможи придобивки од Европското финансирање за скоро пет милиони луѓе, да студираат, учат и се обучуваат во странство.

Според финансиската рамка 2014-2012 на Советот, овој број ќе опадне за еден милион. Младинските организации низ Европа ја критикуваа одлуката на Европскиот Совет да го намали финансирањето на „Еразмус за сите“. Тие нагласуваат дека европските програми за размена можат значително да придонесат кон тоа да се обрне внимание на невработеноста на младите, на начин што ќе им се даде можност да ги подобрат своите вештини преку живеење во странство.

Европскиот младински форум упати апел до Европскиот парламент да размисли за зголемување на парите, во идните преговори со Советот. Во време на економска и социјална криза подобрувањето на вештините на луѓето и можноста за вработување преку минување време во друга земја и создавање врски со други европјани, треба да има голем приоритет, порачува ЕМФ. Кампањата на форумот „Љубов-Младост-Иднина“ се цели да ја надмине таа празнина и да ги убеди оние кои носат одлуки, младината да ја направат приоритет во различни програми за финансирање на Европската унија и истовремено ја поддржува работата која ја спроведуваат младинските организации на национално ниво, а кои се поврзани со младинската политика и финансирањето на младинската работа.