Неделков: Штрајкот на СОНК продолжува, се носат заменски тестатори за екстерното

Штрајкот на просветните работници продолжува со исто темпо, иако денес околу 20.000 матуранти полагаат екстерно тестирање, објави „Фокус“. И, покрај огромните притисоци и закани со кои се соочуваат наставниците и професорите, сепак штрајкувачите не го спроведуваат екстерното тестирање, а на нивно место се донесени заменски тестатори.

– Во училиштата каде што има наши штрајкувачи, а кои се во тие работни комисии, не го одржуваат екстерното тестирање. Тие си продолжуваат со штрајкот, а на нивно место се донесени заменски тестатори кои служат за да ги менуваат. Што точно се случува во моментот не можам да кажам, бидејќи се се одвива зад затворени врати. Исто така, немаме информација кој го прави тоа и кој ги носи заменските тестатори. Едно знам, дека повеќето наши членови штрајкуваат, а ни се приклучуваат и нови – вели изјава за „Фокус“, првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.