„Неделата на гордоста“ од 22 до 27 јуни во Скопје

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и ЛГБТ Јунајтед во соработка со ЛГБТИ центарот за поддршка и ЛезФем најавуваат организирање на „Недела на гордоста“ која ќе се случува од 22 до 27 јуни.

„Неделата на гордоста“ од 22 до 27 јуни во Скопје

„Неделата на гордоста ја организираме како симболично одбележување на Stonewall бунтот и на 27 јуни како интернационален ден на гордоста на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните луѓе. Неделата вклучува неколку настани, дебати и филмски проекции поврзани со различни прашања кои ги тангираат ЛГБТ луѓето во Македонија“, соопштуваат оттаму.

На 22 јуни (сабота) во 17.00 во ЛГБТИ Центар за поддршка (Стара Чаршија) ќе се одржи проекција на кратки видеа за транс луѓето во Македонија и дискусија на тема: Здравтсвени права на транс лицата.

Во понеделник (24 јуни) во 13.00 во Хотел Арка следи дискусија со претставници на Парламентот, институции и граѓански здруженија на тема: Дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

На 25 јуни (вторник) 18.00ч во ГЕМ клуб ќе се одржи проекција на филмот: Како да се преживее чума и дискусија на тема: Загуба, гнев и активизам. Следниот ден во 18.00 ччасот во ГЕМ Клубот ќе се одржи Лезбејска семејна вечер и на 27 јуни, (четврток) ќе има завршна забава.