Недела станува неработен ден за сите – Владата очекува законско решение од ресорното министерство

Одлука за прогласување на недела за неработен ден беше најавена од премиерот Зоран Заев на неговата „Фејсбук“ страница.

Тој нагласи дека Министерството за труд и социјална политика е задолжено во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање.

„Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, се вели во краткото соопштение.

Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден!

Го задолживме Министерството за труд…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, November 3, 2020