Недела на современ јапонски филм во Кинотека

Како дел од програмата на Кинотека за ноември, каде преку целиот месец се прикажуваат современи независни филмови, ќе има и недела посветена на современ јапонски филм со четири филмови.

Публиката ќе може да ужива во современите јапонски филмски остварувања во периодот од 25 до 28 ноември, со почеток од 20 часот. Во продолжение, погледнете ја програмата:

25 ноември (среда) 20:00 ч.
„Кралот на извинувањето“
(Shazai no Ōsama / The Apology King)
Игран филм, Јапонија
2013 г., 128 мин., колор, блуреј
Режија: Миѕута Нобуо (Mizuta Nobuo)
Сценарио: Кануро Кудо (Kankurô Kudô)
Улоги: Садао Абе, Мао Иноуе, Јутака Такенучи (Sadao Abe, Mao Inoue, Yutaka Takenouchi)

Риоро Куроџима е директор на Центарот за извинување во Токио. Негова работа е да ги учи другите да се извинуваат. Риоро Куроџима ги решава проблемите користејќи ги неговите техники за извинување, од едноставни кавги до национални кризи. КРАЛОТ НА ИЗВИНУВАЊЕТО е оригинална и смешна јапонска комедија која нема да ве остави рамнодушни, а сите ние сакаме такви филмови.

26 ноември (четврток) 20:00 ч.
„Опасни жени“
(Hai kikku enjerusu / High Kick Angles)
Игран филм, Јапонија
2014 г., 90 мин., колор, блуреј
Режија: Каѕухиро Јокојама (Kazuhiro Yokoyama)
Сценарио: Фујухико Ниши (Fuyuhiko Nishi)
Улоги: Каеде Аоно, Рисако Ито, Мају Кавамото (Kaede Aono, Risako Ito, Mayu Kawamoto)
Ученичките од средното училиште кои се членови на клубот за акциони филмови ги сакаат, почитуваат и се воодушевуваат од Брус Ли и Џеки Чен. Девојките одат во едно напуштено училиште за да го снимат филмот ОПАСНИ ЖЕНСКИ, но во училиштето влегува банда. Бандата ги затвора вратите и ги спречува сите комуникации со надворешниот свет. Девојките кои немаат излез и одлучуваат да се спротистават.

27 ноември (петок) 20:00 ч.
„Танчарот на карате кид“
(Dancing Karate Kid / Ryûkyû Battle
Royale)
Игран филм, Јапонија
2013 г., 78 min., колор, блуреј
Режија: Цукаса Кишимото (Tsukasa Kishimoto)
Сценарио: Норио Еномото(Norio Enomoto)
Улоги: Џои, Јуи Коике, Масахиро Аракаки (Joey, Yui Koike, Masahiro Arakaki)

Кен е обожавател на екстремен танц и скита по целиот свет. Доаѓа во Окинава, Јапонија. Тука, Кен ќе се запознае со Ивао Шинџо кој е учител по ријуку класичен танц. Кен ги учи чекорите на ријуку класичниот танц кој во себе ги крие техниките на ријуку каратето.

28 ноември (сабота) 20:00 ч.
„Филм за Накамура Канзабуро“
(Eiga: Nakamura Kanzaburô / A Film
About Nakamura Kanzaburo)
Документарен филм, Јапонија
2013 г., 95 мин., колор, блуреј
Режија: Цукуру Мацуки (Tsukuru Matsuki)
Сценарио: Цукуру Мацуки (Tsukuru Matsuki)

Документарен филм посветен на Накамура Канзабуро кој починал во 2012 година. Накамура Канзабуро е актер активен во јапонската традиционална театарска форма кабуки, како и на филм и на телевизија. Потекнувал од долга семејна лоза кабуки актери. Неговите дедовци, и татковците на неговите дедовци, биле кабуки актери.