Недела на шпански филм во Кинотека: Како се создаваше целулоидот под Пиринеите?

Од 21 до 27 ноември (среда до недела) во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмска ревија на шпански филмови наречена „Како се создаваше целулоидот под Пиринеите?“.

„Обично велат дека најлесен избор на филмови се прави од кинематографија која ‘крцка’ од наслови. Но, колку тој избор може навистина да биде лесен чин кога имате дузина добри наслови?“, прашуваат од Кинотека на Македонија.

Од таму потенцираат дека следните седум наслови се своевиден мал пресек на шпанската кинематографија и според хронолошкиот и според тематско-жанровскиот пристап.

„Овој избор обединува автори од различни филмски епохи и со различни естетики, но, во секој случај, претставува временска парабола од средината на минатиот век до денес. Тој временски период изнесува речиси колку еден просечен животен век, па сигурно е интересно да се проследи созревањето на една национална кинематографија низ различни авторски видувања“, соопштува Кинотека.

Подолу целата програма за неделата на шпански филмови: