„Недела на младите“ во Гостивар

Имајќи гo во предвид сеопфатниот придонес, вклученоста и ангажманот на младите за да изградат поздраво општество и подобра иднина, и по повод на годишнината на основањето на Советот на Млади, годинава во Гостивар ќе се одбележува „Недела на младите“.

Почнувајќи од 14 до 20 Ноември, во рамки на „Недела на младите“ ќе бидат организрани повеќе активности од разни области кои треба да придонесат во подигање на свеста кај младите за активно учество во општеството, како и за промовирање на културните и спортските вредности. Цел на манифестацијата, како што посочуваат од Советот, е да ги запечати темелите на една здрава и активна младина.

Во продолжение може да ја прочитате и програмата за овој настан:

14.11.2014 – Меѓународен ден на дијабетот

11:00 – 13:00 – Распределба на информативни флаери во центарот на градот во соработка со Здравствен Дом и мерење на гликемијата
19:30 – 20:30 – Информативно предавање во салата на советот на Општината

15 – 16.11. 2014 – Турнир во фудбал

11:00 – 15:00 – Елиминаторски натпревари во фудбал О.У ”Исмаил Кемали”

17.11.2014 – Talking Walls Art Colony

10:00 – 16:00 – Цртање на шкртаните ѕидови со говор на омраза од страна на студентите и средношколците

18.11.2014 – Комедија и Изложба

19:00 – 20:00 – Изложба на сликите од уличната Уметничка колонија Tаlking Wаlls
20:00 – 21:30 – Премиера на комедијата „Градоначалникот”

19.11.2014 – Панел Дискусија

19:00 – 20:30 – Панел дискусија во салата на советот на Општината со претставници на ЕУ делегацијата, СЕП, Градоначалникот и Советот на Млади

20.11.2014 – Крводарителска акција & Финале на Турнирот & Годишнината на Советот на Млади

10:00 – 13:30 – Крводарителска акција во просторите на Општината
15:30 – 16:30 – Финале од Турнирот на Фудбал