Недела на македонскиот филм во Софија

Од 21 до 27 јануари во Софија ќе се одржи Недела на македонскиот филм во текот на која ќе бидат прикажани филмовите „Gypsy Magic“ на Столе Попов, „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска, „Џган“(„Amok“) на Вардан Тозија.

Програмата е составена главно од филмови направени во изминатите 15 години, кога веќе се говори за поиздржан генерациски настап со пробивот на десетина млади автори.

„Освен ветеранот Попов со ‘Gypsy Magic’, останатите автори застапени во Неделата на македонскиот филм се дел од новата генерација филмски творци“, посочуваат од Кинотека на Македонија.

Од Кинотека потсетуваа и дека македонската кинематографија изминатата година „неплански“, но од оправдани причини, се присетуваше на животот и делата на неколку нејзини доајени – заради нивното заминување од овој свет. Тоа се режисерот Љубиша Георгиевски (1937 – 2018), директорот на фотографија Драган Салковски (1938 – 2018), актерите Љупка Џундева (1934 – 2018), Салаетин Билал (1942 – 2018) и Мите Грозданов (1943 – 2018), сценаристот Горан Стефановски (1952 – 2018)…