Недела на израелски филм во МКЦ

По повод Меѓународниот ден на жртвите на геноцид (9 декември), Младинскиот културен центар во Скопје заедно со Еврејската заедница на Македонија организира Недела на израелски филм.

Во рамки на филмската програма која ќе трае од 14 до 20 декември, публиката ќе може да проследи четири современи филмови од израелската кинематографија. Меѓутоа, од 18 декември проекциите продолжуваат во Кинотеката на РМ.

Повеќе информации за филмовите има на овој линк, додека цената на билет за проекциите изнесува 100 ден.

Во продолжение, распоред на филмовите што ќе се прикажуваат:

14 декември (понеделник) 20:00 ч.
Кино Фросина
ГОЛЕМИ ЛОШИ ВОЛЦИ
(Mi Mefached Mehaze’ev Hara)
игран филм, трилер, Израел
2013, 110 мин., колор, блуреј
Режија: Навот Папушадо

15 декември (вторник) 20:00 ч.
Кино Фросина
ОГНЕНИОТ ЗМЕЈ
(Drakon Haesh)
документарен филм, Израел
2015, 2 епизоди/25 мин., колор, блуреј
Режија: Гилад Голдшмит

16 декември (среда) 20:00 ч.,
Кино Фросина
ПОПЛАВА
(Mabul)
игран филм, драма, Израел
2010, 100 мин., колор, блуреј
Режија: Гај Натив

17 декември (четврток) 20:00 ч.,
Кино Фросина
ОВА Е СОДОМА
(Zohi Sdom)
игран филм, комедија, Израел
2010, 90 мин., колор, блуреј
Режија: Адам Сандерсон, Мули Сегев

18 декември (петок) 20:00 ч.,
Кинотека на Македонија
РЕСТАВРАЦИЈА
(Boker Tov Adon Fidelman)
игран филм, драма, Израел
2011, 90 мин., колор, блуреј
Режија: Јоси Мадмони

19 декември (сабота) 20:00 ч.,
Кинотека на Македонија
КОН КРАЈОТ НА ЛЕТОТО
(Ad Sof Hakayitz)
игран филм, драма, Израел
2011, 95 мин., колор, ДСП
Режија: Ноа Ахарони

20 декември (недела) 20:00 ч.
Кинотека на Македонија
ТАНЦУВАЊЕ ВО ЈАФО
(Rokdim Be’Yaffo)
документарен филм, Израел
2013, 87 мин., колор, блуреј
Режија: Хила Медалија

20 декември (недела) 21:30 ч.,
Кинотека на Македонија
СИЛИКОН ВАДИ
(Silicon Wadi)
документарен филм, Израел/САД
2014, 82 мин., колор, блуреј
Режија: : Даниел Сиван