Недела на израелски филм во Кинотека

Недела на израелски филм во КинотекаУтре свечено ќе биде отворена Неделата на израелски филм во Кинотека на Македонија. Според организаторите, ова е прво вакво претставување на изрелската кинематографија во Кинотека со надеж да прерасне во традиција.

Отворањето ќе биде со филмот „Посета на оркестарот“ со почеток од 19 часот.

Програмата ги вклучува филмовите: „Посета на оркестарот“ (Bikur ha tizmoret), „Стројникот“ (The Matchmaker), „Летото на Авија“ (Ha Kayitz Shel Aviya), „Скршни лево на крајот од светот“ (Sof ha olam smola) и „Ноќва“ (Shnayim ba’laila).